Челси тргна по потписот на српски голгетер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси планира да го купи напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ кој претходно привлече интерес и од Арсенал.

Србинот се приклучи на Јувентус во јануари годинава, при што постигна 16 голови на 36 меча за „Старата дама“.

Британски „Сан“ пишува дека Челси е еден од клубовите кои сакаат да го ангажираат Србинот, а дополнителна причина за потегот на премиерлигашот е тоа што им се повреди вториот напаѓач Армандо Броја.

Броја заработи сериозна повреда на пријателскиот дуел со Астон Вила и го чека пауза до крајот на 2023 година, па поради тоа Влаховиќ треба да биде негова замена во екипата.