Челси троши 80 милиони фунти за ѕвезда на Брајтон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси ќе продолжи со трошење пари и ова лето, а на листата со желби се наоѓа Мојсе Каиседо од Брајтон.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Каиседо е во напредни преговори со Челси за да постигне договор, а потоа клубот треба да преговара со Брајтон за висината на откупот.

Според новинарот, Челси ќе мора да плати 80 милиони фунти за да го добие потписот на Каиседо, а очигледно газдата Тод Боели нема да штеди пари во создавањето на нов тим.

Челси во овој преоден рок ќе се ослободи од многу фудбалери за да купи нови, кои треба да му помогнат на Маурицио Покетино во остварување на целите.