Челси влезе во ритам и врза три победи по ред (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси славеше на гостувањето кај Лестер со 3-1 и така стигна до трета победа по ред во сите натпреварувања, односно втора во Премиерлигата.

Во 11. минута од натпреварот Чилвел постигна одличен гол за водство од 1-0, по што Дака со одличен удар го матира Кепа за 1-1. Сепак, „сините“ преку Хаверц погодија за 2-1 пред полувремето

Челси постигна уште еден гол во завршницата, кога Ковачиќ ја затресе мрежата на домаќините по асистенција на Мудрик.

Тотенхем беше подобар од Нотингем Форест со 3-1, додека Лидс и Брајтон одиграа 2-2.