Челси за трио дава 200 милиони евра и ја напаѓа титулата во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси летово доби нов газда Тод Боели, кој веднаш инвестира голема сума на пари во засилувања, па така во тимот пристигнаа неколку играчи, меѓу кои се Марк Кукуреља, Рахим Стерлинг и Калиду Кулибали, за кои беа платени околу 150 милиони евра.

Челси планира да потроши уште 200 милиони евра до крајот на летниот преоден рок, а на листата со желби на гигантот се наоѓаат Френки Де Јонг, Весли Фофана и Пјер-Емерик Обамејанг.

Де Јонг не сака да замине од Барселона, но не сака ниту да се откаже од големата плата, па веќе беше најавен судски процес меѓу двете страни, а тоа сака да го искористи Челси кој може да му даде идеални услови.

„Сините“ се подготвени да платат околу 85 милиони евра за Де Јонг, а поскапо засилување од него треба да биде Весли Фофана за кој Лестер бара околу 90-100 милиони евра, иако тренерот Брендан Роџерс кажа дека нема да го продава.

За крај, Тухел сака да го ангажира Обамејанг, кој треба да биде „деветка“ во тимот по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер и Тимо Вернер во Лајпциг.