„Чендлер ќе ја претепа пијаницата Мекгрегор“

Жилберт Барнс кажа дека поранешниот шампион Конор Мекгрегор ќе се бори против Мајкл Чендлер во декември.

Ирската ѕвезда не можеше навреме да се врати во програмата на УСАДА, но и покрај тоа Барнс вели дека борците ќе се соочат во декември.

„Дена Вајт му кажа на Чендлер дека неговата борба со Мекгрегор ќе се одржи на крајот на годината. Кој е фаворит? Ако зборуваше за Конор кој ги победи Хозе Алдо и Еди Алварез, тој беше незапирлив, но денешниот Конор пие алкохол на плажа во шорцеви. Тој нема шанси против Чендлер и ќе биде претепан“, кажа Барнс.