Червар: Вардар е европски шампион, но Македонија од тоа не добива ништо!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар во интервју за хрватските медиуми разговараше за хрватската селекција и настапот на Европското првенство во 2020 година, но притоа го спомна и европскиот шампион Вардар.

Червар смета дека тоа што Вардар е шампион во Лигата на шампиони, не ѝ помага никако на Македонија.

„Вардар е европски шампион, но Македонија не добива ништо од тоа, т.е. нема никаква корист, а тоа го потврди и капитенот Кире Лазаров. Исто така, Кјелце е на врвот, но ниту Полска не добива ништо од тоа. Тогаш која е поентата? Ако хрватски ракометар замине во странство за 3.000 евра, а Загреб или Нексе му дадат исто толку пари, тој ќе остане дома или ќе замине во странство? Додкеа работев во Македонија останав без 25 ракометари поради штрајк. Моравме да играме со деца против Кил. Кузмановски, Талески и Нелоски беа дел од тој меч, а истите тие го победија Вардар за две години“, вели Хрватот.