Червар: Заминувам по првенството, време е за нов човек…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватската ракометна репрезентација беше шокирана од Аргентина (19-23) и повеќе не зависи од себе дали ќе се пласира во четвртфиналето.

По мечот прва реакција имаше Лино Червар, кој понуди оставка поради лошата игра на неговата селекција и ја презема одговорноста.

„На никој не му е мило да загуби. Не игравме добро, многу сум изненаден. Бев убеден дека ќе бидеме добри. Ова е разочарување за мене. мора да преземем одговорност. Повеќе не можам понатаму. 250 настапи имам во репрезентацијата, по првенството заминувам. Жал ми е што заминувам така, но тоа е конечна одлука“, вели Червар.