Четири гиганти заинтересирани за Влаховиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во летниот проден рок, а интерес за услугите на 23-годишниот фудбалер покажаа Баерн Минхен, Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед.

Јувентус наводно е подготвен да го продаде Влаховиќ за 80 милиони евра, а во текот на летото ќе се водат преговори меѓу тимовите и останува да видиме дали некој ќе реши да даде голема сума за Србинот.

Влаховиќ за „Старата дама“ постигна само 14 голови во 42 настапи, а тоа е малку за напаѓач кој вреди околу 80 милиони евра.