Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо поради Пол Погба се одлучи да се откаже од шест играчи, а поголем дел од нив под палката на ван Гал стигнаа во редовите на Ѓаволите.
Менаџерот на Црвените ѓаволи, се реши да продаде шест фудбалери, за кои смета дека не му се потребни, а сите тие се доведени на Олд Трафорд како големи засилувања.
Прв може да замине Хуан Мата, кој по трет пат може да биде жртва на Мурињо. Прво соевремено Португалецот го стопираше неговиот трансфер во Реал Мадрид, после што го продаде од Челси во Манчестер Јунајтед.
Мемфис Депај дојде како големо засилување и нема да добие нова шанса кај Мурињо. Клубот тешко ќе ги врати вложените пари, а во ова лето може да го испратат Холанѓанецот на позајмица.
Во средниот ред ќе има многу промени, а место нема ни за Бастијан Швајнштајтер и за Моран Шнајдерлин, како и за Маркос Рохо и Далеј Блинд, кој ги доведе Луј Ван Гал.