Чоло му ја расипува работата на Гвардиола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид влезе во трката за Пјер Емерик Обамејанг.

Напаѓачот на Борусија Дортмунд е на мета на многу европски клубови, но милионерите одлучија да го продадат само ако некој уплати 100 милиони евра.

Мадриѓани немаат толку пари, но интересот на Диего Симеоне го натера Габонецот да размисли.

АС соопшти дека татко му на фудбалерот, Пјер Франсоа Обамејанг му кажал на агентот, Оскар Дамијан да размисли за понудата од Атлетико Мадрид.

Голем проблем би претставувале парите бидејќи Атлетико тешко дека ќе може да ја понуди истата понуда како шеиците кој се спремни да платат околу 100 милиони евра.