Човек кој доминираше со Серија А чека епилог од судбината на Зидан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судбината на Зинедин Зидан во Реал Мадрид засега не е позната, а доколку си замине Французинот, тогаш Флорентино Перез има решение.

Зидан е поблиску до заминување, отколку останување во Мадрид, но така не мисли и неговиот сонародник и најдобар играч на „кралевите“, Карим Бензема, кој кажа дека Реал нема да прави промени летово.

Епилог на случувањата на „Сантијаго Бернабеу“ очекува Масимилијано Алегри, кој не прифаќа понуди од италијанските клубови, иако доби неколку во претходниот период.

Алегри ја освојуваше Серија А дури шест пати со Јувентус, а претходно со Милан, додека четири пати го зема трофејот во Купот, а Суперкупот го освои двапати.

Двапати играше финале во Лигата на шампиони со Јувентус и двапати шпанските клубови излегоа како победници, а без работа е од 2019 година кога го напушти Јувентус.