Човекот кој го најави Меси во ПСЖ тврди: Зидан ќе биде нов тренер на парижаните!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот новинар Даниел Риоло од „РМЦ Спорт“ објави ексклузивна информација со објаснување дека Зинедин Зидан ќе го замени Маурицио Покетино во јуни и ќе си бира тим за сезоната 2022/23.

Овој новинар претходно го најави и трансферот на Лионел Меси во ПСЖ, па сега најави уште една „бомба“, а причина за ваквиот потег на раководството на парижаните е тоа што Покетино нема добри односи со спортскиот директор Леонардо.

„Ние сите знаеме дека Зидан е човек од Марсеј и го познаваме ривалството на тимовите. Затоа останува да видиме на кого ќе му се даде приоритет за работата. Дали ќе замине во ПСЖ? Искрено, не сум прочитал ништо такво досега, знам дека сака да одмори затоа што тоа ми го кажа во разговор“, откри поранешниот асистент на Зидан, Давид Бетони.