Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, според медиумите, дошло до конфликт меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде. Ситуацијата брзо се прошири во јавноста, а францускиот фудбалер реши да се огласи со порака на социјалните мрежи.
Чуамени, кој според информациите ќе биде дел од тимот за „Ел Класико“, преку објава на Инстаграм испрати извинување и порака за смирување на страстите, која ја пренесе и новинарот Фабрицио Романо.
„Тоа што се случи на тренинг е неприфатливо. Без разлика кој е во право, мора секогаш да го бараме најмирното решение на конфликтот. Се извинувам поради лошата слика која ја оставивме за клубот. Сега не е време да се разбере кој кажал нешто или направил, кој бил во право. Ја прифаќам казната на клубот. Остануваме семејство, иако понекогаш не се сложуваме, но мора да ги ставиме целите на клубот на прво место. Им се извинив на сите соиграчи, а им се извинувам и на сите навивачи“, порача Чуамени.
















