Чуден трансфер на играч од Манчестер Јунајтед во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Добро упатени извори на угледниот „ЕСПН“ јавуваат дека Барселона подготвува помалку чуден трансфер од таборот на Манчестер Јунајтед.

Имено, „каталонците“ се заинтересирани во своите редови да го донесат пропаднатото засилување на Жозе Мурињо, Диого Дало.

Португалскиот десен бек воопшто не се снајде под водство на Оле гунар Солскјер и ќе му биде дозволено да си замине по само две сезони поминати во дресот на „црвените ѓаволи“.

Оле до толку не му верува на Дало што на последните натпревари кога имаше потреба од десен бек во игра го внесуваше Тимоти Фосу Менса кој речиси една година немаше играно фудбал, а за Јунајтед не заиграл од 2017 година.

Тоа беше јасен показател дека младиот португалски бек ќе биде продаден, но изненадува информацијата на „ЕСПН“ кој тврди дека Барселона сака да го ангажира во своите редови.