Чудото од дете на трибини со маска на лице: Зошто Хаверц не игра против Баерн?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каи Хаверц денеска се наоѓа на трибините со маска на лице и го гледа дербито меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен.

Хаверц е најталентираниот германски фудбалер и пред него е успешна кариера. Иако не наполни ниту 20 години во Бундеслигата веќе постигна 35 голови.

Последните неколку недели игра неверојатно, меѓутоа дербито против Баерн го гледаше од трибини, па многумина шпекулираа дека причината за тоа е неговиот потенцијален трансфер во гигантот од Минхен.

Сепак, официјалните информации се поинакви. Пред почетокот на мечот од Баер соопштиле дека германското чудо од дете има проблем со повреда.

Хаверц минатата недела доби удар во колено, па уште не се рехабилитираше.