Чурлинов ја продолжи кариерата во Полска


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе ја продолжи кариерата во Полска, односно во редовите на Јагиелонија.

Чурлинов по завршување на позајмицата во Шалке се врати во Барнли, но не беше дел од плановите за тимот во Чемпионшип-лигата.

Македонецот ќе игра на позајмица во Полска до крајот на сезоната, по што треба да се врати на Островот.

Јагиелонија сезоната во полското првенство ја започна со три победи, а исто така го мина и второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.