Црна прогноза: Ван Дајк ќе го пропушти и Европското првенство?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк заработи повреда на коленото во натпреварот против Евертон, откако се судри со голманот Џордан Пикфорд и се шпекулираше дека ќе паузира повеќе од шест месеци.

Новите прогнози се дека повредата би можела да биде посериозна и Холанѓанецот да паузира речиси цела година и така не само што ќе ја пропушти сезоната, туку нема ниту да настапи на Европското првенство следната сезона.

Кога би се земал во предвид и тешкиот кам-бек по една толку долга пауза, „вистинскиот“ Ван Дајк би можеле да го очекуваме дури на почетокот на календарската 2022 година.

Ваквите информации се уште не се потврдени, па навивачите се надеваат дека станува збор само за шпекулации.