Црната прогноза се оствари: Останавме и без Елмас за мечот со Ерменија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа што најмногу нè плашеше стана реалност. Елиф Елмас нема да замине за Кипар бидејќи македонскиот репрезентативец е повреден и нема да ни помогне во мечот против Ерменија во борбата за првото место во групата во Ц-дивизијата.

Селекторот Игор Ангеловски не може да смета на уште неколку стандардни првотимци, меѓу кои се Аријан Адеми, Горан Пандев и Столе Димитриевски, кои беа ослободени. Исто така, надвор од конкуренција се Бобан Николов и Стефан Спировски поради суспензии, Езгјан Алиоски не е доволно повреден, Кире Ристевски не смее да патува поради изолацијата, а Енис Барди не настапи ниту против Грузија.

Ова дефинитивно не е добра ситуација за Македонија затоа што со „втор тим“ ќе излезе на терен во Кипар против Ерменија, но добро е тоа што и со бод би го освоиле првото место во групата.