Црвена Звезда го посакува Несторовски, но Палермо бара – седум милиони евра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Црвена Звезда, како и многу други клубови, покажаа интерес за македонскиот репрезентативец и напаѓач на Палермо, Илија Несторовски.

Директорот на италијанскиот второлигаш Фабрицио Лучези зборуваше за локалните медиуми за интересот за Несторовски и соопшти дека ќе бараат сума меѓу седум и осум милиони евра.

„Нема да го продадеме толку лесно. За Несторовски постои интерес од Црвена Звезда, но и многу други европски клубови го следат внимателно. Според тоа што го нуди пазарот, сигурно нема да го пуштиме лесно“, вели Лучези.

Слично размислува и Несторовски, кој се поврза со градот и клубот, кадешто помина три години.

„Не сум човек кој сака да се откаже толку лесно и кој ќе замине бесплатно. Сакам Палермо да добие добра понуда. Не го гледам сосптвениот интерес, туку сакам да му помогнам на клубот“, објасни Несторовски.