Црвена Звезда сака да се засили со Димитријевиќ!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ се наоѓа на праг да потпише со Црвена Звезда, барем така објави италијанскиот новинар Лука Д’Алесандро.

Димитријевиќ во моментов го носи дресот на Валенсија, а минатата сезона за шпанскиот тим во просек постигнуваше по 9,4 поени и 4,2 асистенции по меч.

Македонецот преетходно играше за Хувентуд, но наскоро би можел да се пресели во Белград.