„Да бев потполно посветен на фудбалот, би бил на ниво на Меси и Роналдо“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот холандски фудбалер Весли Снајдер е убеден дека можел да напредува повеќе во својата кариера.

35-годишниот некогашен фудбалер во својата богата кариера го носеше дресот на Ајакс, Реал, Интер, Галатасарај, Ница и Ал Гарафе, но не беше секогаш на професионално ниво.

Баш поради несериозното сфаќање на фудбалот и благиот пристап на тренинзите и натпреварите смета дека не постигнал толку колку што можел и дека можел да биде рамо до рамо со Меси и Роналдо.

„Да живеев за фудбалот и да бев 100% посветен на тоа, би бил на исто ниво како Кристијано Роналдо и Лионел Меси“, уверен е Весли Снајдер.

Сепак, Снајдер има со што да се пофали. Тој секаде каде што има играно има освојувано трофеи, а најзначајниот е трофејот од Лигата на Шампионите кој го освои со Интер во 2010. Година.

Тогаш холандскиот фудбалер најверојатно беше во периодот кога го играше најдобриот фудбал во својата кариера. Беше најдобар асистент на натпреварите и везен на годината во најдобриот тим за таа година.