Да не ви се верува: Јувентус ќе биде исфрлен во Серија Б поради Суарез?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез не успеа да го мине тестот за да добие италијански пасош, со што пропадна и неговата преселба во Јувентус, но ова сега расте во голем скандал, при што најдебелиот крај би можел да го извлече италијанскиот шампион.

Обвинителот Рафаеле Кантоне ја прекинал истрагата на неодреден период за да се смират страстите откако беше откриено дека Суарез мамел на тестот и притоа морал да го помине затоа што заработувал милиони годишно.

Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека на Јувентус не му се пишува добро и ја пренесуваат изјавата на Марко Донцели од здружението „Кодаконс“.

„Ако се потврди директна вмешаност на Јувентус во случајот со Суарез, тогаш ќе мора фудбалскиот сојуз да ги казни бидејќи во спротивно се поставува прашањето за регуларноста на Серија А. Ако тимот е виновен, тогаш треба да се пресели во Серија Б“, вели Донцели.