„Да се биде тренер на Барселона е лошо за вашето здравје“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот стратег на Барселона, Роналд Куман му даде поддршка на Чави Ернандез кој најави дека заминува од каталонскиот гигант на крајот на сезоната.

Чави кажа дека неговата работа во Барселона била стресна и непријатна, а Куман го потврди тоа и кажа дека ангажманот влијаел штетно врз неговото ментално здравје.

„Да се биде тренер на Барселона е штетно за вашето здравје. Многу е позабавно да бидете фудбалер на Барселона отколку тренер“, кажа Куман.

Куман имаше срцеви проблеми за време на неговиот престој во Каталонија, па дури заврши и во болница.