Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата ѕвезда на репрезентацијата на Шведска Златан Ибрахимоцвиќ даде повеќе од интересна изјава после дуелот со Италија поврзана за „битка“ која на теренот ја водеше со Џорџо Киелини.
Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ не успеа да помогне на својот национален тим во дуелот со Италија поради тоа што Аѕурите стигнаа до победа со голот на Едер во завршните минути од мечот.
„Во фудбалот морате да бидете фокусирани сите 90 минути бидејќи екипа каква што е Италија го казнува падот на квалитет а тоа е она што нас ни се случи денеска“, рече Ибрахимовиќ.
Многумина после мечот се сложија во оценката дека Ибрахимовиќ не се виде на теренот бидејќи Џорџо Киелини го „стави во џеб“ а аве каков одговор даде после констатацијата дека добро се истепа со својот чувар.
„Ако навистина се тепавме, Киелини би бил во болница“, порача Ибрахимовиќ.
За немоќта на навалната линија на репрезентацијата на Шведка на тековното ЕП најдобро зборува податокот дека Викинзирте не упатија удар во рамките на голот за нешто повеќе од 180 минути игра.