Да се знае кој е главен во Манчестер: Рангник ладно одбил барање од Роналдо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо побарал од тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник да ја промени формацијата за натпреварите, а „Атлетик“ објави дека искусниот стратег го одбил неговото барање.

Предлогот на Роналдо не бил прифатен од германскиот тренер, кој нема намера да менува нешто во неговиот систем.

Роналдо се реши на ваков потег откако во последните девет натпревари постигна само еден гол, а такво нешто никој не очекуваше.

Германскиот тренер во Јунајтед ја почна кариерата во систем 4-2-2-2, а потоа користеше и 4-4-2, по што се врати на 4-2-3-1.

Роналдо оваа сезона одигра 29 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна 15 голови и три асистенции за тимот.