„Да знаете каде почина Марадона, и вие исто ќе завршевте!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Диего Марадона почина во средата, но обвинителството во Аргентина почна истрага и нареди да се пребара клиниката и домот на личниот доктор, Леополд Луке.

За да биде почната истрагата, ќерките на Марадона побарале да се истражат лековите кои ги примал Аргентинецот. Исто така, адвокатот Матиас Морла побара истрага поради слабата реакција на брзата помош.

Медицинската сестра во саботата призна дека лажела и дека не направила проверка на денот кога почина Марадона, па се сомнева дека тој не бил под никаков лекарски надзор 12 часа.

Поранешната сопруга на Марадона, Клаудија крена бура со порака за аргентинските медиуми.

„Да видевте каде почина Марадона, и вие ќе го направевте истото“, кажа таа.

Таа смета дека Марадонал во домот немал ниту пристоен тоалет, а немал ни вистински медицински надзор.