„Да знаев дека ќе биде вака, никогаш немаше да потпишам за Челси“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси во текот на претходните години ангажираше голем број ѕвезди, но најмногу проблеми имаше со напаѓачките затоа што клубот често правеше грешки.

Бразилскиот напаѓач Александре Пато ја освои наградата „Златно момче“ и беше голема надеж на бразилската репрезентација, а сега откри дека жали што потпишал за Челси.

Пато се врати во Коринтијанс по одличните настапи за Милан, па потоа замина на позајмица  Сао Паоло, а потоа обезбеди позајмица во редовите на Челси каде играше шест месеци.

Бразилецот одигра само два натпревари и постигна еден гол, а тоа беше разочарување за него.

„Мислев дека Челси ќе ме позајми на шест месеци и потоа ќе потпишеме договор на три години. Не сфатив на време дека можам да одбијам позајмица. Знаете зошто бев добар во Сао Паоло? Затоа што се грижеа за мене. Да знаев дека вака ќе биде во Лондон, немаше да потпишѓам за Челси“, вели Пато.