Даку се извини откако ги навреди Македонците, УЕФА отвори истрага против Албанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) почна дисциплинска постапка против Хрватска, Албанија и Мирлинд Даку поради навредите кон Македонците.

УЕФА соопшти дека ќе се спроведе истрага за да се провери дали постоело расистичко или дискриминаторско однесување од страна на навивачите за време на дуелот.

Истрага се води и против албанскиот репрезентативец кој се однесуваше недолично по мечот со Хрватска, а претходно Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) побара казна за Даку.

Досега на селекциите им беа изрекувани парични казни, а се очекува такво нешто и по новата истрага на УЕФА.