Далас го повлече дресот на легендарниот Новицки 📸

Победата на Далас маверикс против Голден Стејт (99-82) падна во втор план затоа што во салата беше повлечен дресот со број 41, кој го носеше легендарниот Дирк Новицки.

Новицки, кој цела кариера, односно 21 сезона мина во Далас маверикс со кој во 2011 година го освои трофејот замина во легендите.

Во април 2019 година го одигра последниот меч во НБА-лигата против Сан Антонио и се збогуваше со дабл-дабл, односно 20 поени и 10 скокови, а за Далас во текот на кариерата одигра 1.521 меч со просек од 20,7 поени по меч.