Далас ќе земе и трета голема ѕвезда и ќе ја нападне титулата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Далас маверикс се подготвени да направат „трејд“ за во тимот да ангажираат и трета голема ѕвезда.

Во Тексас сметаат дека на тимот му недостига уште еден квалитетен кошаркар за да се нападне титулата во НБА-лигата.

„Далас њуз“ објави дека сите кошаркари, освен Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис, можат слободно да си заминат, а Далас планира да го ангажира неверојатниот Јанис Антетокумпо, со кој би ја комплетирал идеалната тројка.

Антетокумпо наводно не планира да остане во Милвоки доколку екипата не тргне по квалитетни засилувања, па наскоро би можеле да го видиме во ист дрес како и Дончиќ.