Далас подобар од Лејкерс, Дончиќ запиша нов трипл-дабл (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува со одличните настапи во НБА-лигата, па така синоќа му помогна на Далас маверикс да слави против Лос Анџелес лејкерс.

Дончиќ со две тројки во регуларниот дел и првото продолжение го спасуваше Далас од пораз, а натпреварот го заврши со 35 поени, 14 скокови и 12 асистенции.

Најефикасен на спротивната страна беше Расел Вестбрук со 28 поени.

На останатите натпревари Портланд загуби од Кливленд со 113-119, Оклахома славеше кај Филаделфија со 133-114, додека Торонто го реши Шарлот со 124-114.