Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Енди Руиз Јуниор ќе ја брани титулата како шампион на светот во тешка категорија на 7. декември против Антони Џошуа во Саудиска Арабија.
Американско-мексиканскиот боксер го шокираше светот првиот ден во јуни кога го нокаутираше до тогаш непоразениот Британец, а и покрај тоа што Џошуа е фаворит на реваншот, Руиз сигурно повторно ќе има што да покаже.
The Destroyer многу полесно ќе го започне реваншот. Тоа со сигурност е така поради тоа што е побрз. Тој е познат по тоа што е неверојатно подвижен за својата тежина.
Руиз удира доста силно. Неговите спаринг партнери и тренери тоа го чуствуваат секојдневно, а одличниот боксер, судејќи по неговата моментална форма е побрз од било кога.