Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ има голема желба да го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, но тоа воопшто нема да биде лесно, како што се покажа и во претходните години.
Ѓоковиќ има медал од Олимпијадата во 2008 година, кога го освои бронзениот медал откако беше подобар од Џејмс Блејк во борбата за трето место, а претходно загуби од Рафаел Надал во полуфиналето.
Четири години подоцна, во Лондон, Ѓоковиќ загуби од Енди Мареј во полуфинале со 5-7 и 5-7, а во борбата за трето место беше поразен од Хуан Мартин дел Потро со 5-7 и 4-6.
Во Рио де Жанеиро Ѓоковиќ повторно беше жртва на неверојатната игра на Дел Потро, но и лошата ждрепка.
Меѓутоа, Ѓоковиќ сезонава игра во одлична форма, па многумина се надеваат дека конечно ќе го скрши проклетството и ќе го освои златниот медал.