Дали голот на Касемиро требаше да важи? (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед и Челси одиграа 1-1 во Лондон во 13. коло од англиската Премиерлига, и тоа откако гигантот од „Олд Трафорд“ успеа да стигне до реми во последните минути со погодкот на Касемиро.

Водство за „сините“ донесе Жоржињо во 86. минута од дуелот од пенал, а во судиското надополнување Касемиро погоди за 1-1.

Бразилскиот фудбалер испрати одличен удар со глава, откако дефанзивците на Челси го оставија сам, по што Кепа за малку ќе запишеше неверојатна интервенција.

Кепа ја допре топката, која потоа удри во стативата и несреќно влезе во неговиот гол, односно ја помина гол-линијата, иако имаше многу дилеми за тоа.