Дали на голот на Ливерпул му претходеше недозволена игра со рака? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул го победи Вулверхемптон со 1:0 во претпоследниот натпревар во Премиер лигата кој се одигра во 2019-та година, но истиот предизвика вистинска бура во Англија, од едноставна причина што ВАР системот предизвика низа полемики околу неколку спорни моменти.

Најпрво беше признат голот на Мане, а неколку минути подоцна беше поништен гол на гостите поради милиметарски офсајд. Ова предизвика бура од реакции од експертите, а нејасната употреба на ВАР системот е подраматична, бидејќи се појави фотографија на која јасно се гледа недозовлена игра со рака на Ван Дајк која претходи на акцијата во која Мане го постигна победоносниот гол.