Дали Нејмар случајно открил дека го напушта ПСЖ?

Најскапиот фудбалер на светот Нејмер конечно јавно признал како посакува да ги напушти редовите на ПСЖ.

Човекот за кого беа платени 222 милиони евра имал интересен коментар во целите кои ги има и јасно порача – ќе бара нови предизвици.

“Цел за оваа сезона е да освојам се што можам со ПСЖ и со селекцијата на Бразил. Посебно посакувам да ги освојам Лига на шампионите, Копа Америка и да побарам нови предизвици”, рекол Нејмар.

Бразилецот веќе долго време се поврзува со трансфер во Барселона. Нејмар никогаш не криел дека му е жал што си заминал од клубот, додека во ПСЖ никогаш не се пронајде.

Дали навистина ќе го напушти ПСЖ ќе видиме наредното лето, но очигледно е дека размислува за тоа.