Дали ова е одбрана на кариерата на Мануел Ноер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Баерн се снајде одлично.

Мануел Ноер полека се враќа во формата кога беше најдобар голман на светот.
Искусниот голман во изминатите две сезони имаше многу големи проблеми со повредите, па така во натпреварувачката 2017/2018 година тој настапи на само четири натпревари.

Со оглед на тоа дека има 33 години и игра на позицијата голман, пред него сигурно се уште неколку години за врвен фудбал.

На стартот на новата сезона, „единицата“ на Баерн започна на одличен начин да го брани својот гол, а во дуелот против РБ Лајпциг ја запиша една од најдобрите одбрани во својата кариера.

Се одигруваше 60. минута кога Марсел Сабитцер испрати страшен проектил кон голот на Баерн, а Ноер на спектакуларен начин со една рака успеа да реагира и да го зачува својот гол празен.

Погледнете…