Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
После долго време Реал Мадрид ќе игра натпревар во лигата во понеделник. Кралевите во последниот меч од 32. коло на Ла Лига ќе се натпреваруваат во гости во Леганес.
Зинедин Зидан за овој натпревар повикал 19 играчи, а на списокот не се најде Серхио Регулион, левиот бег кој оваа сезона доживеа потполна афирмација.
Неколку минути по официјалната објава дека овој 22 годишен играч не се наоѓа на листата на повикани играчи за натпреварот, администраторите на официјалниот Твитер профил на Реал Мадрид се одлучија да се поиграат со живците на левиот бег.
На профилот на Кралевите е објавена видео снимка од Регулион како „забива“ одличен гол на некој тренинг. Зидан му ја остави топката, а Кејлор Навас ја немаше таа чест за да го спречи неговиот шут.









