Дали Серхио Агуеро се враќа во Аргентина?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Sвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, наводно би можел да ги напушти редовите на актуелниот шампион на Англија.

Поради фактот што Граѓаните две години се исклучени од Европа, судбината на многу фудбалери на „Етихад“ се најде под голем знак прашалник и многу од нив се очекува да го напуштат клубот.

„Мирор“ тврди дека најголемата sвезда на тимот, Серхио Агуеро, има понуда од аргентинскиот Индипендиенте, тимот каде ја започна својата кариера.

Наводно, овој тим се обидува да ги привлече него и Лукас Биља во Аргентина.

“Јас имам одлични односи со Биља и Кун Агуеро. Бевме соиграчи и јас имам голема почит за сè што направија и би било убаво да ги имам во тимот. Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро”, изјави тренерот на аргентинските одлики Лукас Пусинери.

Агуеро постигна 23 голови на 56 настапи во дресот на Индиендиенте, по што следеше одлична европска кариера во која покрај Сити играше за Атлетико Мадрид.