Дали со овие зборови на Инстаграм Миралем Пјаниќ ја потврди конечната одлука?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ е поврзуван со Барселона, но клубовите не се во можност да најдат заеднички јазик.

Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед сакаат да го донесат играчот од средниот ред. Тој наводно ги прифатил условите на Каталонците уште порано, но размената со Барселона не била договорена, пред се затоа што тимот од Торино го сакал само Артур Мело, а Бразилецот упорно одбива да ја напушти Шпанија.

Каталонските гиганти тогаш им понудија играчи како Иван Ракитиќ, Артуро Видал и Осман Дембеле, но Јувентус ги отфрли сите понуди и наводно, според најновите информации, го сака Френки де Јонг.

Сагата продолжува, тешко е во овој момент да се каже дали има голема шанса Пјаниќ да заврши во Барселона, иако многумина се сомневаат по последниот пост на Пјаниќ на Инстаграм.

Имено, тој објави фотографија во прегратка со своите соиграчи на Старата дама со порака: „И сега, ајде да победиме заедно“. Дали тоа значи конечна потврда за неговата одлука да остане во Торино?