Дали требаше да биде доделен пенал за ПСЖ во мечот против Њукасл? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Њукасл беше на чекор до победа на „Паркот на принцовите“, но судијата покажа на белата точка во осмата минута од судиското надополнување, а потоа Килијан Мбапе погоди за 1-1.

Њукасл успешно се бранеше во текот на целиот натпревар, а пеналот предизвика бурни реакции затоа што топката го удри Ливраменто во телото, а потоа во раката.

„Навивачите на Њукасл имаат право да бидат разочарани затоа што одлуката беше спротивна на препораките на УЕФА. Според нив, ако топката удри во телото на играчот, а потоа се одбие од дел од неговата рака, не може да стане збор за пенал зашто фудбалерот немал време да реагира“, кажа поранешниот судија Марк Клатенбург.