Дали во Словенија ќе ја оживее кариерата? – Бабунски пред потпис со Љубљана


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали конечно вистински клуб ќе најде Дориан Бабунски, помалиот од браќата Бабунски.

Дориан е пред потпис со Олимпија Љубљана. Минатата сезона Бабунски ја помина во шпанската трета лига каде шест месеци како да не играше и остана заборавен, а сега му се отвора нова можност на младиот фудбалер.

Досега има играно само за шпански клубови, а според последните информации Дориан е пред трансфер во Љубљана.

Бабунски засега нема клуб, а дали Олимпија ќе ја оживее неговата кариера останува да видиме во последните денови од летниот преоден рок.