Дали Вориорс и Кавалирс ја продолжуваат традицијата?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс ќе го одиграат доцна вечерва седмиот натпревар во НБА финалето.

Ќе биде ова четврт пат во последните 11 години за освојувачот на прстенот да одлучува мајсторка. Претходно во 2005 година Сан Антонио го совлада Детроит, потоа Лејкерс во 2010 година беше подбар од Бостон, додека Мајами во 2013 година славеше против Сан Антонио.

Сите три мајсторки беа многу неизвесни, и се одиграни на многу мал број на поени.

Спарси во мајсторката ги победија Пистонси со 81:74, а тежок триумф остварија Коби и друштвово против Селтик (83:79), како и Хит против Спарси (95:88). Голден Стејт  и Кливленд досега бележеа убедливи победи во финалната серија, а дали ќе се продолжи во тој ритам или мајсторката ќе донесе нешто тврда и неизвесна игра останува да видиме.