Даниел Аврамовски се сели во Сараево!?

Босанските медуми пишуваат дека македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски наскоро ќе се приклучи на Сараево на подготовките во Анталија.

Аврамовски долго време се поврзува со трансфер во Сараево, чиј тренер е Александар Васовски, но засега нема официјална потврда за преселбата.

„Да, вистина е дека го препорачав Аврамовски на раководството на Сараево. Зарем треба да се трошат зборови за репрезентативецот на Македонија? Имавме одлична соработка во Вардар и сакам да дојде во Сараево“, кажа Васовски.

Аврамовски од септември е без клуб, откако го раскина договорот со Кајсериспор, каде што настапуваше една сезона, а досега во кариерата играше за Работнички, Црвена Звезда, ОФК Белград, Олимпија, Војводина и Вардар.