Дарко Чурлинов со првенец за Штутгарт во победата против Динамо Дрезден (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец, Дарко Чурлинов брзо му даде до знаење на тренерот на Штутгарт дека ќе може да смета на него.

Чурлинов е член на Штутгарт од јануари, меѓутоа досега не добиваше многу шанса во првиот тим по неговиот трансфер.

Откако се врати фудбалот во Германија, во првите неколку средби нашиот интернационалец повторно не доби шанса, се до претходното коло кога Штутгарт славеше против Хамбург.

Во тие 12. минути кои ги доби Чурлинов се покажа доволно добро, па доби повеќе шанса за настап против Динамо Дрезден каде одигра 33. минути.

Најмладиот дебитант во историјата на репрезентацијата на Македонија голот го постигна во 88. минута и уште еднаш му даде до знаење на тренерот дека ќе може да се смета на него.