Дарко Чурлинов во јануари си заминува од Келни се сели во германски гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот младински фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов во јануарскиот преоден рок веројатно ќе си замине од редовите на Келн.

Чурлинов не добива шанса во Бундеслигата, и според германските медиуми веќе донел одлука да си замине од клубот во зимскиот преоден рок.

Нашиот офанзивен фудбалер пред кого се предвидува одлична кариера веројатно ќе продолжи во редовите на Штутгарт, тим кој подолго време ги следи настапите на Чурлинов во вториот тим на Келн каде нашиот ас игра одлично.

Штутгарт во моментов е член на второто по ранг натпреварување гво Германија, Бундеслига 2, и е еден од главните фаворити за пласман во најелитното германско натпреварување следната сезона.