Давид Бабунски постигна убав гол, неговиот тим блиску до промоција во најсилната лига во Јапонија (Видео)

Македонскиот интернационалец, Давид Бабунски постигна убав погодок за својот тим Омија Ардија на првенствениот натпревар против Ависпа Фукуока.

Бабунски натпреварот го почна од клупата за резервни фудбалери, а во игра влезе во 80. минута кога Омија веќе имаше водство од 2:0. Нашиот фудбалер само ја потврди победата во самиот финиш од натпреварот.

Ова е вкупно четврти погодок на Давид Бабунски оваа сезона во јапонската лига што значи дека оваа сезона е негова најуспешна во кариерата кога станува збор за ефикасноста.

До крајот на лигата остануваат уште три кола,а Омија Ардија се наоѓа на втората позиција на табелата.