Де Брајне по поразот од Лион: Морам да одам дома, жена ми е бремена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити нема ниту сезонава да стигне до финалето на Лигата на шампиони, откако беа поразени од Лион со 1-3 во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Кевин Де Брајне испадна голем човек во болниот пораз, па не ги обвинуваше одлуките на ВАР-технологијата, туку едвај дочека да замине дома.

„Беше ова неверојатна сезона која ја завршивме со пораз. Но, и така морам да одам дома, жена ми е бремена, па тоа ми е на ум, ништо друго“, кажа Де Брајне.Де Брајне имаше коментар и за натпреварот против француската екипа.

„Не видов никакви сомнителни ситуациии, па нема на тоа да се правдам. Стерлинг требаше да постигне гол за 2-2, тогаш најверојатно ќе имавме шанса за пламан понатаму“, вели тој.