Де Брајне по триумфот на „Олд Трафорд“: Трениравме само 10 минути пред мечот со Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед минатиот викенд загуби на домашен терен од Манчестер сити со 0-2, откако мрежата на Давид де Хеа најпрво ја затресе Ерик Баи со автогол, а потоа погоди и Бернардо Силва.

„Црвените ѓаволи“ беа како „мува без глава“ на теренот и не успеаа да се вратат во мечот во второто полувреме, а Кевин де Брајне кажа дека имале тренинг од само 10 минути пред натпреварот на „Олд Трафорд“.

„Еден ден пред натпреварите работиме на тактиката, а пред мечот против Манчестер јунајтед беше поразлично. Пеп ни кажа дека не знае како ќе играат. И по 10 минути го прекинавме тренингот. Тој вообичаено знае како игра ривалот, но овој пат не знаеше. Сепак, ние излеговме на теренот, го одигравме тоа што најдобро знаеме и триумфиравме“, вели Де Брајне.