Де Бруин го шокираше Гвардиола со својата изјава: Ти си пос*ан тренер… (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити изминатиот викенд ја освоија шампионската титула во Англија.

Во неверојатата битка за трофејот помеѓу Сити и Ливерпул на крајот клубот од „Итхад“ успеа да го одбрани трофејот. Пеп Гвардиола стигна дури до осмата лигашка титула во кариерата што навистина е за секаква пофалба.

Но, јасно е дека во следната сезона главната цел на „Граѓаните“ ќе биде освојувањето на Лигата на шампионите поради што клубот и го ангажираше Гвардиола. Шпанскиот стратег покажа дека е еден од најдобрите тренери на светот, но од него се очекува исчекор во ЛШ.

Гвардиола има одличен однос со своите играчи, а тоа се покажа и на прославата на титулата. Кевин Де Бруин одлучи да се пошегува со Гвардиола и го нарече пос*ан тренер, што на почетокот го шокираше Шпанецот, но Белгиецот ја заврши реченицата на одличен начин.

„Ти си пос*ан тренер, само победуваш“, порача Де Бруин до Гвардиола во текот на прославата на шампионската титула во Англија.